ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Три фудбалерки на Деспина собираа искуство на тренинг камп во Дојран (ФОТО )

Само напред за прилепските девојки !!!

115

Во рамките од проектите за развој на женскиот фудбал од “хет трик 5 “ програмата на Уефа , од 29 октомври до 3 ноември во Дојран се одржа тренинг камп за девојки до 14 години.Учество зедоа над 30 а беа предводени од координаторот на кампот , Добре Димовски заедно со селекторот на женскаа репрезентација на Македонија до 15 години како и неговиот стручен тим.

Како дел од селекцијата до 15 години на овој тренинг камп од женскиот фудбалски клуб Деспина , учество зедоа Матеја Бардакоска , Наталија Велјаноска и Анастасија Аљакоска.Инаку кога сме кај прилепскиот женски суперлигаш во последното одиграно коло во женската фудбалска лига кај нас , прилепчанки триумфираа против Скопје со Високи 6:1.

Головите за ЖФК Деспина ги постигнаа Милеска, Тасева, Батиниќ, Илиевска , Павловска , Головска а единствениот погодок за гостинките беше дело на Салихи.

 

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе