ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тунески: Што се случува со греењето во прилепската болница?

188

Прес конференција денеска пред ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност Прилеп одржа Христијан Тунески од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Ја пренесуваме во целост:

Конечно заврши долгата внатрепартиската битка за избор на директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп. И додека од СДСМ се занимаваа со дворски игри, со различни внатрепартиски препукувања за тоа кој да биде директор на болницата, најдебелиот крај од ваквото катастрофалното менаџирање и практување на централната власт, го извлекува народот.

Ако претходно за неработењето беше алиби, изборот на директор и презафатеноста околу тоа прашање, повеќе нема оправдување за ваквото неработење какво што не е запаметено во минатото! Од СДСМ како да подзаборавиле дека грејната сезона е веќе започната и дека со тоа имаат обврска да обезбедат греење во болницата и пристојни услови за пациентите. Дежа ву од минатата грејна сезона! Истите ликови, истите проблеми, истите маки на граѓаните!

Класичен пример за неспособност и немање апсолутно никакво чувство за менаџирање! Ја прашуваме новоизбраната директорка Кети Смилеска, која на јавноста и е позната како старо-нов кадар кој извесен период ја извршуваше функцијата в.д, што ли се случува со греењето во прилепската болница? Дали излегла од канцеларијата, да прошета меѓу своите сограѓани, да го слушне нивниот револт и нивната мака, да ги праша како се задоволни од условите во болницата? До кога разно разни грејни тела ќе бидат некакво решение за затоплување на болница која треба да претставува пример за здравствена установа со нормални услови за пациентите? Дали како и многу пати во минатото, повторно топката и вината ќе се префрлаат на друга страна, па така на пример виновен ќе биде добавувачот, доцнењето со испораката на мазут, немањето доволни количини, а никогаш раководството и директорот на самата болница?

Кети Смилеска нека излезе во јавност и нека одговори со какви долгови се соочува болницата и дали тоа е можеби причината за хаосот во кој се наоѓа оваа здравствена установа? За безредието да биде уште поголемо, на врата им тропаат тужби од вработени кои си ги бараат заслужените пари за работа во недела, што дополнтелно ќе влијае врз долгот и трошоците на болницата.

Почитувани, очигледно изборот на Кети Смилеска за директор на прилепската болница е уште една од низата грешки на централната власт. И наместо од СДСМ да се занимаваат со некакви кадровски политики, со некакви огласи за трајно вдомување на партиски послушници во оваа установа, треба конечно да почнат да работат во интерес на сите граѓани. Тоа што грешките од минатото им се повторуваат е само уште еден доказ за нивната некадарност! Затоа е потребно час поскоро промена на централната власт, затоа што животот и здравјето на граѓаните мора да бидат на прво место!

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе