ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022” ќе има, но не во Универзална сала

677

Општина Прилеп како покровител заедно со новоформираниот иницијативен одбор, ги започна подготовките за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”.
Турнирот ќе се одржи по пауза од 3 години, а натпреварите ќе се одиграат од 10 до 25 декември во спортската сала на основното училиште “Добре Јованоски”.
На турнирот учество ќе земат 32 екипи поделени во 8 групи, а сите детали околу средствата за котизација, наградните фондови и жребот ќе бидат познати во текот на идната недела.
Турнирот оваа година ќе понуди богата спортска програма со 5 натпревари во еден ден, а во викендите предвидени се и натпревари за најмалите, како и ревијални натпревари.

Како покровител на турнирот “Св. Николa”, заедно со иницијативниот одбор ќе се погрижиме турнирот да се одржи во одлична спортска атмосфера и организација. Фудбалските вљубеници од нашиот град треба да знаат дека како општина повеќе пати се обидовме да го обезбедиме спортскиот храм – Универзалната сала, каде турнирот традиционално се одржуваше со години, но за жал не наидовме на разбирање од централните власти, велат од Општина Прилеп.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе