ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите го повикуваат МЗШВ на брза исплата на субвенциите од ланската реколта

2.482

Во ек на планирање на претстојната тутунска сезона, расадопроизводство и подготовка на земјоделските површини, од здружението „Тутунска надеж“ се обратија со јавно до надлежното министерство за брза и неодложна исплата на субвенциите од ланската реколта.

Се наоѓаме на самиот праг на новата тутунска производна сезона. Следува период на големи вложувања, покрај секојдневните високи животни трошоци изложени сме и на трошоци поврзани со производството на расад и припремање на нивите.  Значи, сега сме во период кога субвенциите ни се најпотребни. Соочени со високите животни трошоци како и трошоците за старт на новата производна сезона тутунарите се на работ на егзистенција и секој ден се’ повеќе се наметнува потребата од реална помош. За доброто на сите тутунари ве молам да смогнете сили и да овозможите неодложна, брза исплата на субвенциите за минатогодишната реколта. Сите ние заедно се надеваме на позитивен одговор и очекуваме брза исплата, се вели во јавното обраќање од Васко Јосифоски, од името на здружението Тутунска надеж.

Инаку, според Програмата финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2023 година  Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен
необработен тутун од реколта 2022 година (подмерка 1.14) од оваа програма предвидено е да се исплаќаат најдоцна до 31 декември 2023 година.

За потсетување за реколтата 2021 година субвенциите за тутун во висина од над 21 милион евра беа усплатени во јуни минатата година на 17.245 лица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе