СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Тутунари: Анти ковид пакетот е многу задоцнет и неефективен

1.185

Исплатата на анти ковид пакетот за тутунарите, мерка која што беше ветена уште во април година е задоцнета и нема да го постигне ефектот за кој што беше проектирана велат тутунарите. Во очекување на стартот на предвремениот откуп на тутунот, средствата ветени од Владата како помош во април, доколку беа исплатени навремено на почетокот од оваа реколта, можеби и ќе имаа одреден ефект во период кога земјоделците инвестираат во новото производство.

„Задоцнето… Неефективно, не добро испланирано”, се коментарите од земјоделците за помошта.

-Пет милиони евра во април и мај оваа година никако немаат иста ефективна вредност како: пет милиони евра сега, после серијата поскапувања и евидентниот бран инфлација за кој сите ќутат. И сега Владата која осум месеци не лаже со исплата на ковид пакетот, ни се фали со исплата и наводна грижа за земјоделците..
Не оваа, која сака нека е влада, кое сака нека е парламентарно мнозинство, не смее да не’ потценува и понижува до олку,” вели од Васко Јосифоски, член на тутунското здружение „Тутунска надеж” во реакцијата која е само дел од многуте на социјалните мрежи во врска со најавената исплата.

Патем, тутунарите реагираа и на начинот на распределба според класите. Најголемиот дел од средствата планирани со овој пакет ќе се слеат кај тутунот со најслаб квалитет, за што тутунарите своевремено реагираа, бидејќи со тоа се поттикнува неквалитетно производство.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе