CSS Template

Убавината ќе си го најде патот, колку и да изгледа кревка понекогаш, ДОБРИЛА ГРАШЕСКА, предлог бр. 10 за најпрестижната општинска награда „3 – ти Ноември„

999
Avtokontrol1

Прилепската Едит Пјаф, тоа е таа – Добрила Грашеска – емотивната дама со беспрекорно чист глас исполнет со кроткост, ненаметливост, чиниш од далечината доаѓа, а сепак е блиску, бидејќи блика од длабочината на душата, со љубов за уживање во уметноста.

Чалгиското пеење е нејзина специјалност, зашто токму тоа е сцената каде Добрила се чувствува своја, бидејќи како што вели„ тоа е исполнето со одење по различни скали, со следење на звукот на виолината, со правење четвртинки во пеењето, со вметнување на оригинални украси.“

Професија и’ е книжевноста, иако, таа вели дека  „книжевноста отсекогаш била нејзиното второ пристаниште“  на кое застанувала во текот на своето лично обликување.

Првата љубов за Добрила е музиката, бидејќи едноставно не може да ѝ одолее. Па за последниот четврт албум „Тихувај“, на „Чалгија саунд систем“ таа двете љубови ги спои во едно креирајќи ги стиховите.  

Неуморна по својот дух, и во време – невреме, како член на ансамблот „Чалгија саунд систем“, неодамна се претстави во дуо со еден од членовите на групата, Дориан Јовановиќ, и годинава беше дел од промотивни книжевни настани во Скопје, Кавадарци и во Прилеп.

Родниот град Прилеп неодамна емотивно го обои во виножитото на спомените, разбивајќи го сивилото на пандемијата со Евергрин вечерта заедно со прилепчаните Илија Чакароски и Христијан Ристески кои ја придружуваа на гитари.

Добрила Грашеска е сензибилниот кристален глас на дамата која љубовта кон музиката несебично ја пренесува како свежо пролетно ветре со публиката. Таа плени со кроткост и непосредност на сцената, ведра, а тажна, вљубена, а осамена, зашто само така емоциите од мелодијата, од песната може да се пренесат до публиката.

Која е најтешката задача на еден уметник? „Оставањето отпечаток во музиката, во уметноста е најтешката задача на секој уметник“, вели таа, иако е несомнено дека Добрила го остави својот музички печат за навек, разбудувајќи го заспаниот македонски етно џин на чалгиското пеење.

Според законот за авторски права, не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп.


semm
Kreas
Vivafarm
Farma Dolneni
Penata