СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Универзална ќе грми вечерва,РК Прилеп : Еурофарм Пелистер

341
Денешниот е посебен ден, бидејќи се случува по подолго време да има ракометен натпревар во Универзалната сала во Прилеп. Вечерва (18,30 часот) се игра мечот Прилеп – Еурофарм Пелистер, од 11. коло на Супер лигата. Битолчаните, кои се на врвот од табелата, а во меѓувреме во рамките на Европската лига го совладаа АЕК во Атина, секако се големи фаворити и во Прилеп. За прилепскиот тим е мошне важно што игра со квалитетен противник. Оттука и се очекува тренерот Горан Кузманоски – Таста да им даде шанса и на најмладите првотимци, за и тие да почувствуваат што значи дуел со моќен противник. Се очекуваат и многу гледачи, за кои влезот е слободен.
Мечот ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски, а делегат е Камер Металари, сите од Скопје.
Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе