CSS Template

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп со донација за болницата

408
Avtokontrol1

Во услови на здравствена криза кога секоја помош е добредојдена на здравствените установи и Унијата на жени при ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп, денеска се вклучи со своја донација. За подобрување на условите за хоспитализација на пациентите во Ковид одделението во Општата болница „Борка Талески“ Унијата на жени донираше постелнина, јоргани, перници и пакети вода.

„Во овој период сите ги слушаме излагањата на наши сограѓани кои биле хоспитализирани, кои зборуваат за потребите на пациентите кои се сместуваат. Токму поради тоа како политичка одговорна партија ВМРО ДПМНЕ и во минатото има реализирано бројни хуманитарни акции и донации, но во овој момент на најголемата здравствена криза која ја памети човештвото се одлучивме на ваква донација иако сме партија во опозиција во рамките на можностите и во интерес на сите сограѓани.

Лелецитe кои постојано ги слушаме и ужасните видео снимки од различни здравствени установи ширум Македонија се надеваме дека ќе го привлечат вниманието на првиот човек во здравството и ќе го оттргнат од дневното политиканство кое си го дозволи истиот човек против партиски функционери на ВМРО ДПМНЕ. Како партија бараме одговорност од државниот врв поради неспремноста за ненавремено справување со вториот бран од ковид пандемијава.

На сите сограѓани кои веќе ја водат битката со корона вирусот им посакуваме брзо и лесно опоравување, а на останатите сограѓани им препорачуваме да ги почитуваат мерките и препораките за заштита на личното здравје и здравјето на останатите, носење на маска и задолжителна дистанца.

Посакуваме да дојде денот кога бројките на новозаразени од корона вирус ќе имаат опаѓачки тренд и во Р. Македонија, но и во нашиот град Прилеп, истакна Ирена Стерјовска, претседател на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп.


semm
Vivafarm
Kreas
Farma Dolneni