ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Утре можеш да бидеш и ти“ – протест на прилепските велосипедисти

Повод за овој протест е последната трагедија на прилепските улици кога беше прегазена жена велосипедист

543
Прилепските велосипедисти денеска пред камената бина во Прилеп и со возење низ прилепските улици, одржаа мирен протес под мотото „Утре можеш да бидеш и ти“.
Повод за овој протест е трагичниот настан – смртта на 42 годишната жена на велосипед која беше прегазена од автомобил на прилепските улици во петокот на 9 ти јуни.  На ул. „Александар Македонски“ пред Металец. Во оваа сообраќајна несреќа загина Ане Цветаноска,42  годишна прилепчанка вработена во Тутунска банка. Околу 19 и 30 минути возач на автомобил,  фолсфаген со прилепски регистарски таблички и избегал од местото на несреќата. Полицијата го откри и возачот и возилото, но остана дилемата во какви услови управуваат велосипедистите во нашиот град, колку се заштитени од поагресивните возачи и што треба да се направи за да запре ова лудило во сообрашајот.  Токму поради ова велосипедистите од Прилеп предупредија од опасноста да се управува со велосипед, превозно средство кое се’ повеќе доминира во европските градови. Здружението со овој протест кој се одржа од  10,ооч  сака да алармира до надлежните дека е крајно време да се овозможи соодветна инфраструктура за велосипеди,  со посебни патеки и соодветна сообраќајна сигнализација.
Надлежните мора да сфатат дека велосипедистите се дел од сообраќајот и им е потребно да обезбедат сигурност и за нив, како и за останатите учесници во сообраќајот. Да се надеваме дека овој протест нема да биде статистика само во полициски бележници и дека ќе мора да се направи обезбедена велосипедска патека како што е пракса во сите посериозни градови. Ова лудило на нашите улици и патишта мора да престане еднаш … Не сме Безбедни повеќе, посочуваат од Здружението ВелоЧе.
Протестот велосипедистите го изразија со возење на велосипед на прилепските улици, пред зградата на локалната самоуправа Прилеп и пред Полициската станица.
Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе