CSS Template

Утре на протест изглеуваат угостителите и туристичките работници

69
Avtokontrol1

Утре, работнците од Туристичко-угостителскиот сектор излегуваат на протест, најави Сојуз на стопански комори на Мак­­едонија. Протесот ќе се одржи ,утре, вторник, точно на пладне пред Министерството за финансии, „онаму од каде се управува со парите во државната каса и од каде најдобро треба да знаат колку помошта ни е потребна.„ – велат угоститетлите.  Со протестот тие сакаат јавно да го покажеме незадоволството од ситуацијата во која се наоѓа овој сектор, „но, и гласно и јасно да предупредиме дека уништувањето на овој сектор треба да се гледа и низ призмата на загуба на сериозна бројка на работни места, како и затворање на многу деловни субјекти од кои егзистираат цели семејства„-  истакнаа претставниците на Туристичко-угостителскиот сектор.

Во организацијата на протестот се вклучени околу 6.000 правни субјекти од туристичко – угостителскиот сектор, најмногу угостителски објекти и туристички агенции од Туристичко угостителската комора, но поддршка имаат и од игротеките од Групацијата на забавни и рекреативни дејности, Асоцијацијата на туристички водичи, Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” и многу други.

За спас на угостителските дејности се бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти поделени во 3 категории врз основа на бројот на вработени во 2020 година, еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада и кои со месеци немаат никаква помош како и утврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојната банка, се додекајат рестриктивни мерки за овие сектори  Туристичките агенции истакнаа барања за еднократна неповратна финансиска помош како и продолжување на рокот на туристичките ваучери кои граѓаните не ги искористија до крајот на 2022 година, а ваучерите од владината мерка „Дома си е дома” да се реализираат исклучиво преку туристичките агенции за да можат да бидат опфатени хотелите, агенциите, водичите и превозниците.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni