ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Физио Петкоски– нов Центар за физикална терапија

Кој вели дека младите луѓе размислуваат само за странство?

1.048

Костадин Петкоски е дипломиран физиотерапевт на Медиционскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Млад човек, професионалец, со искуство во повеќе стручни дисциплини од областа на физиотерапијата. Млад човек со визија и амбиција медицинските вештини кои и досега ги практикувал, да ги применува во својот Центар за физиотерапија – Физио Петкоски.

И во ова време кога младите од Македонија најчество заминуваат во странство, Костадин започна со работа во Прилеп. Центарот за физиотерапија се наоѓа на ул. „Архиепископ Доситеј“ во Прилеп, Варошко маало. Довербата и успехот кој што ја стекнал од досегашното искуство работејќи со пациентите во земјава и странство ќе продолжи да ги надоградува во својата ординација опремена со потребните апарати.

„Живот без болка“ е основното мото кон кое се стреми овој млад физиотерапевт, а своето знаење и искуство го применува преку акупунктура, кинезитерапија, медицинска масажа, спортска масажа, електро терапија, вендузи терапија, киропрактика и хиџама.

Костадин Петкоски работел во Америка, во Хрватска, има понуда да замине во Шведска, но желбата е да твори, да работи и да дава свој придонес во родниот град Прилеп, во својата татковина. „Никаде не е како дома, најубаво е тука, во родниот град со своите луѓе,“ вели тој со позитивна мисла, енергија и сигурност во идејата за успех на професионален и приватен план низ разговорот во програмата  „Радио што се гледа“ ден пред отворањето на Центарот за физикална терапија.

Центарот за физикална терапија „Физио Петкоски“ е отворен секој работен ден од 11 до 18 часот, за претходна консултација и договор контакт тел. од Костадин Петкоски е 071 816 298.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе