ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ФК ПОБЕДА ВО 70-те – ГУБЕА 1:0, ПА ПОБЕДИЈА 8:1

100 години фудбал во Прилеп- ФК Победа, Прилеп, 29 август 1976 г

97

И во силната Втора југословенска лига – Исток екипата на Победа неретко ги испраќаше противниците со повеќе голови во мрежата. Еден од најефикасните мечеви е Победа – Јединство од Бијело Поље, одигран на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп на 29 август 1976.

Секогаш во лошото има и добро. Така и овој натпревар почна со водство на гостите од пенал во 10. минута преку Рудиќ.  Тоа толку ги разлути и ги разигра прилепчаните, што се случи вистинска агресија кон голот на Јединство. Во првотго полувреме гостинскиот голман Нешовиќ некако успеа да ја одбрани својата мрежа, освен еднаш кога израмни Јове Магдески во 18. минута.  Меѓутоа, во второто полувреме уште седум гола. Гостинскиот гол влезе да го чува и вториот гостински голман, Кораќ. Ништо не помогна. Ристо Глигороски и Гоце Манески постигнаа по три гола, еден даде Пеце Трајкоски, за конечни 8:1. Колку беше во очај гостинскиот голман се виде во 82. минута кога домашниот центарфор Глигороски ги претрча сите, па и голманот, тој го фати за шорцови и го тегнеше, но не успеа ни пенал да направи. Следеше додавање до Манески и гол.

Во таа сезона Победа се пласира на 8. место меѓу 18 тима.

Преземено: Shampion.mk

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе