CSS Template

ФФМ продолжува со поддршка на младинските категории, футсал, женските лиги, и покривање на трошоците за службените лица

28
Avtokontrol1

Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири трошоците за патувања на екипите од сите младински лиги во рамки на ФФМ, Првата и Втората футсал лига и лигата во женска конкуренција. Поддршката ќе продолжи во втората половина од натпреварувачката сезона, а ќе продолжи да ги покрива и целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите во сите категории.

Реализацијата на низа проекти, започнувајќи од стадионите во Прилеп и Чаир кои се веќе завршени, преку „Билјанини Извори“ во Охрид и стадионот во Кавадарци кои се во завршна фаза, потоа тетовско Џепчиште и вештачкиот терен во Струмица и започнувањето со активности на стадионот во Штип ни дава за право да веруваме дека можеме да одиме чекор повеќе во создавањето квалитетна спортска инфраструктура, но исто така да бидеме од помош за лигите и развојот на младинскиот, футсал и женскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија веројатно е единствената спортска институција во нашата држава која на таков начин, со средства од свои и извори од меѓународните фудбалски институции, ги реализира своите проекти и никогаш нема да ги изневериме очекувањата на клубовите во таа смисла. Сите наведени трошоци ќе ги покриваме и во полусезоната која нѐ очекува веќе од март оваа година и се надеваме дека тоа ќе биде поттик за сите екипи од лигите да придонесуваат повеќе во развојот на нашиот фудбал, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини за официјалната веб страна на ФФМ. 


semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Kreas