CSS Template

Хуманитарното здружение „Надеж за сите“ – Предлог бр. 1 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември “- Хуманисти со срце и дела!

30.751

Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. ТИЕ се број еден во помагање на сиромашни семејства, а се само СО една желба – Да добијат магацински простор за складирање на донираната храна и облека од добронамерниците. Зарем тоа е многу ?!

Со новонастанатата состојба, со КОВИД 19, како „благородно чудо„,  се појавува хуманитарното зружение „Надеж за сите „ попознато на социјалните мрежи како  “Надеж Надеж„. И , навистина, тоа стана надеж на многу семејства за да им помогне во ова бреме: економска криза, немање доволно храна и облека, огрев, средства за хигиена, пари ..

Неколку дами, би рекле жени од „наше мало“, но никако незначајни,  туку храбри, силни и борбени во својата намера да му помогнат на ЧОВЕК (от), успаа да се наметнат со својата активност, дела и хуманост, чија „нишка водилка“ им е желбата да им помагаат на оние кои немаат, на сиромашните семејства, при тоа, борејќи се со сите сили, против предизвиците кои ги наметнуваат институциите на системот, човечкиот неслух за немаштија… Водени, со единствена мисла, ХУМАНОСТА, и желбата да им се помогне на оние чија помош им е најнеопходна, тие за една година, и покрја пандемијата, им помагнале на над 1000 семејства. И, нивната активност не остана не забележана од медиумите.

Со директна поддршка во храна, облека, покуќнина , парични средства за лекување на деца и возрасни во странство или дома, за рехабилитација или доградба на руинирани домови,  тие успеваат да помагаат на  семејства: во Охрид, Валнадово, Прилеп, Битола.. нештедејќи го своето време, себе си, ниту своето здравје. Тие, успеаа да соберат и над 10 илијад евра за лекување на лица, деца, возрасни, да поделат над 1000 пакети со храна и двојно повеќе пакети со облека, покуќнина ..

Билјана Глигорова и Васе Благадуша-13.07 2020 во нашата прогрма

“Секојдневно добиваме преку 40 до 50 повици, луѓе кои што имаат потреба од наша помош. Премногу има сиромашни семејства, а ние немаме можност да им помогнеме на сите ,од едноставна причина што немаме каде да ја складираме донацијата, па магацински простор се сега нашите домови “-  велат од зружението „Надеж за сите“, кои ни дадоа надеж во ова време дека сепак постои човекот во нас. Хуманоста не е одлика на духовно сиромашните. Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Таа е дел од принципите на еден граѓанин. Дел од животната етика, што овие жени го имаат и го носат со себе.

А, тие имаат само една желба, да добијат магацински простор за да ги складираат работие и храната кои ја донираат хуманите луѓе – Зарем тоа е многу?!

 МОТО: „Дајете и шанса на хуманоста – бидете хумани„!

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп


semm
Vivafarm
Kreas
Farma Dolneni
Penata