ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Цвајта: Кога прилепчанец навива на дербито во Втората германска лига ( ВИДЕО + ФОТО)

Магдебург - Дармштад 0:1

345

За едно убаво фудбалско доживување не треба многу , треба само желба да се стигне на посакуваната дестинација и да се ужива во фудбалските мајстории.Ви пренесуваме  дел од атмосферата на дербито во германската “цвајта” , каде Магдебург и Дармштад ги одмерија силите а лидерот беше подобар и ги однесе бодовите триумфирајќи со 0:1.

Посебен шарм , посебна динамика , фудбалско ехо кое не може да се пропушти , вели нашиот сограѓанин Златко Костоски кој го доживеа она што ние го посакуваме, фудбалска атмосфера , многу дланки кои шират раце , многу незаборавни моменти а сето тоа во името на фудбалската бубамара.Златко ни сподели и фотографии и видеа па заедно од поблиску се запознаваме со случувањата таму.Еден погодок го реши натпреварот но многу задоволни навивачи заминаа од овој фудбалски спектакл.

И ако се запрашате како најдобро да го промовирате својот тим пред својата верна публика , и тоа кога истата се освежува и зближува за време на натпреварот , тогаш фотографијата подолу ќе ви каже се . Треба само една идеа и тогаш натпреварот  од втора лига прераснува во европска фудбалска фантазија.

Да , некаде таму во MDDC – ARENA навивачите уживаат а потоа имаат за што да прераскажуваат до следното претставување на фудбалрите на овој стадион.Барем за оваа пресметка и Прилеп имаше свој преставник .Убаво , траеше 90 минути но остави силен впечаток , а ние се потрудивме да ви го прикажеме тоа.

 

 

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе