ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ШОКАНТНО : Заради “анонимна дојава” федерацијата го исклучи КК Мега Баскет од натпреварите во третата лига (ВИДЕО + ФОТО)

Прилепчани неправедно исфрлени од натпреварувањето во третата лига ?

325

Заради анонимна дојава и постоечки валидни докази во федерацијата ” ние сме исклучени од натпреварите во македонската трета кошаркарска лига , вели Сашо Костоски тренер на екипата на Мега Баскет која во регуларниот дел од сезоната во ова натпреварување заврши на втората позиција веднаш зад тимот на Работнички. Во разговорот кој Радио Пела успеа да го реализира со Костоски во отворената програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , предводникот на прилепчани вели дека ова е неправедно исфрлање од страна на кошаркарската федерација, која го направила овој потег од за него несфатливи причини. Имено кошаркарот Филип Митрески кој е уредно регистриран на листата на играчи кои имаат право на настап во оваа лига за прилепскиот клуб и кој не играл за ниедна друга екипа освен за Мега Баскет , го немало на списокот  во натпревар кој пред два месеци го играла прилепската екипа против Куманово а тој настапувал.Костоски вели ,  од тогаш поминаа шеесет дена а дури сега федерацијата реагира со ваква ригорозна мерка на некоја “анонимна дојава” и со некои за нив валидни докази кои ќе оделе во архива а исфрлањето веднаш стапува на сила , само и само тимот на Албест да игра во финалето од плеј офот против Работнички , а не Мега Баскет кој е втор на табелата во регуларниот дел од сезоната.

“Четириесет години сме во кошарката и вакво нешто немаме видено , едно вакво уништување на кошарката на Прилеп немаме доживеано а”  ќе направиме се за да докажеме дека од кога е почната кошарката во Прилеп не се случило да нема регистрирано играч а не пак сега кога секој тим треба да има уредна документација , натпреварите се снимаат , додаде Костоски кој и покрај напорите да се докаже дека клубот има валиден договор со играчот Митрески и дека е се по процедура и протокол вели дека не се надева на промена на одлуката бидејќи во кошаркарската федерација немаат слух за цела оваа тешка и мачна ситуација во која се најде Мега Баскет.

Во продолжение и целосниот разговор со тренерот на КК Мега Баскет , Сашо Костоски каде можете да  видите и слушнете што се му се случува на прилепскиот третолигаш.

 

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе