СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Штетата од невремето во јуни проценета на 61.347.000 денари

87

Членовите на општинскиот Совет го усвоија збирниот извештај за проценетата штета од невремето кое го зафати подрачјето на општина Прилеп на 21.06.2021 г. Со невремето беа погодени 7 населени места: Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол и Шелеверци. Претседателот на Комисијата за елементарни непогоди, Жарко Северкоски, го информираше Советот дека до Комисијата биле поднесени 279 барања, од кои 11 биле отфрлени како некомплетни. Со невремето била зафатена површина од околу 1.085 хектари, при што проценетата штета изнесувала 61.347.000,00 денари. Најпогодени биле површините засадени со јачмен, компири, лешници, дињи, пченица, пченка, сончоглед и тутун.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе