СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ЈКП „Комуна„ од Крушево ја подобри наплатата за вода и хигиена, и ги намали загубите

60

Во првите 9 месеци од 2021-ва година „Комуна“ забележува позитивни текови по однос на трошоци, наплата и намалување на загубата споредено со првите 9 месеци од минатата година.

Финансискиот извештај на Во првите 9 месеци од 2021-ва година „Комуна“, кој беше усвоен на 4-тата седница на Советот на општина Крушево, бележи зголемување на приходите на ова комунално претпријатие, подобрување на  наплата за вода во домаќинствата и сите населени места. „Со  што тоа претпријатието ќе може да обезбедува и поквалитетни услуги ,велат од ЈКП „Комуна“

Кога е во прашање водоснабдувањето ЈП „Комуна“ Крушево  апелира граѓаните да продолжат да ја користат апликацијата за испраќање на состојба на водомер, достапна на интернет страницата komunakrusevo.mk., со што се обезбедува поверодостојна пресметка за потрошена вода и намалување на контактот меѓу вработените во „Комуна“ и граѓаните во време на корона криза.

Во однос на останатите приходи то ги добива ова пртпријатеие,  забележано е зголемување на наплата за   чистотата и приходите од паркинг.

Во однос на трошоците на претпријатието намалување се забележува кај трошоците по основ на камати и неколкукратно ,а сголемување се забележува кај трошоците за ел. енергија, но тоа е помало во споредба со минатата година, истиот период.

Врз основа на сите резултати од финансискиот извештај загубата на „Комуна“ е преполовена што значи дека претпријатието ја подобрува својата ефикасност, но се’ уште е отворен просторот за да се намали овој негативен финансиски резултат.

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе