ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јовчески: Без работниците нема економија! Први Мај, Ден на труд !

78
Меѓународниот ден на трудот (1 Мај) се слави како меѓународен празник на работничкото движење и се одбележува како спомен на големите работнички протести одржани во Чикаго на 1 мај 1886 година. По повод Денот на трудот , градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески,  искрено, им го честита празникот на работниците со следната порака:
– Мои драги сограѓани дозволете ми да ви го честитам 1-ви Мај Меѓународниот ден на трудот.
Посебно ја истакнувам мојата поддршка за остварување на сите законски права кои што им следуваат на сите работници. Без работниците нема економија!
Во иднина како Локална самоуправа ќе продолжиме да бидиме промената на подобро која што сите сакаме да ја видиме и заедно да се избориме против лошите политики. Работникот мора да биде достоинствено вреднуван како што доликува.
Воедно ги повикувам сите работодавци во општина Прилеп да ги применуваат сите законски регулативи со цел да им ги овозможат потребните услови за работа на работниците.
Ви посакувам убави празнични денови со вашите најмили!
Нека е честит 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот!-  стои во пораката на градоначалникот,Борче Јовчески  
Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе