ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЈОУДГ “Наша Иднина“ – Прилеп: Откривањето на отстапките од правилниот детски развој започнува од градинката

1.217

Прилепските логопеди, дефектолози, психолози, педагози, родители, воспитувачи  и друг стручен кадар, се вклучија во едукативната работилница која се одржа во ЈОУДГ „Наша иднина“, која постајано работи не само на добросостојбата и развојот на децата во предучилишните установи, туку и на  професионален развој на воспитувачите,  како еден од клучните фактори за подобрување на климата во градинките, за правилен детски развој. Целта е заедничка – поголема вклученост на деца во градинка кои имаат отстапки во развојот, а градинките да станат поинклузивни и да го зголемат опфатот на децата со попреченост во предучилишните установи, бидјеќи раниот детски развој е значаен во градење на здрава популација .

Интерактивната дискусија беше насочена кон  важноста на раното препознавање на знаците на отстапка од развојот кај децата во градинка, кои се луѓето што учествуваат во препознавањето на овие знаци, како да се постапи доколку се воочат некои нерегуларности во детскиот развој, кога е вистинско време за консултација со стручно лице (специјален едукатор или логопед) и се промовира апликацијата Сиборд (Cboard AAC), апликација што служи за невербална комуникација помеѓу дете без функционален надворешен говор и останатите деца, родителите или вработените во градинката.

Сите учесници се сложија дека  раното детство е најкритичната фаза од човечкиот развој, бидјеќи токму во тој период се воспоставуваат клучните врски и се постигнуваат клучните развојни процеси кај  децата кои ,без оглед на нивната нерегуларности во детскиот развој , треба да се следат и тие деца треба да бидат вклучени во градинките. Негативните влијанија на детскиот развој за време на раното детство може да се непоправливи, а градинките се токму  првот место каде може да се препознаат знаците на отстапка од развојот на децата.  „Иако, велат од градинката „Наша иднина“ сеуште кај дел од родителите  постои стигмата (срамот) да побараат стручна помош кога од стурчните служби ќе им биде сугирирано дека развојот на нивното дете отстапува од типичниот развој на децата. Често се судираме со тие предрасуди, како и  значителен процент од родители кои  се’уште веруваат дека е подобро децата да бидат дома отколку во предучилишни установи„- велат  од Детските градинки „Наша иднина„- Прилеп

Едукативната работилница беше во рамките на проект „Инклузија на децата со попреченост во предучилишното образование“ кој е поддржан  од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје ,  во соработка со  Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ како спроведувач на овој проект, кое работи на зајакнување на капацитетите на поголем број институции што го поддржуваат директно или индиректно предучилишното образование, меѓу кои се и вкупно 20  градинки во Македонија (околу 25 % од сите градинки во државата).

Токму дел од стурчните тимови во градинката „Наша иднина“ Прилеп,  во изминатиот период, преку овој проект,  се обучија за примена на алтернативна и аугментативна комуникација.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе