CSS Template

Ќе се осветлува патот до крушевското езеро и водоснабдување за во индустриската зона„Опаленик“

136
Avtokontrol1

Општната Крушево е на пат да реализира два инфраструктурни проекти. Ќе се осветлува патот од „Гумење“ до крушевско вештачко езеро. Со оваа активност ќе се осветли целосно новоизградениот пат до Крушевско Езеро, кој е еден од најпрометните, особено во пролет и лето, едно од пријатните места на крушевчани и посетитлите на Крушево.

Воедно, ќе се гради инфраструктура за води за дополнително водоснабдување во индустриска зона „Опаленик“, К1 и К2. Проектот треба да обезбеди редовно водоснабдување за фабриките, сегашни и идни, во и околу индустриската зона „Опаленик“.

„Со ова го продолжуваме проектот за изградба на инфраструктура во иднустриската зона. Имаме потенцијални инвеститори, а постоечкиот кој работи во зоната веќе закупи уште една парцела за да ги прошири своите капацитети. Индустриската зона е еден од нашите приоритети затоа што тоа може да генерира многу нови работни места“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni