ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ќе се промени сообрајќанот режим на патот Прилеп-Битола од 11-ти декември

609

Градежниот институт информира за изменет сообраќаен режим на два магистрални патишта во Македонија. Од денска има  изменет сообрајќаен режим  на делницата А2,Тетово-Гостивар, поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот

А, од 11.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи, се вели во информацијата од Градежниот институт.

Коридорот 10 е автопат кој ќе ги поврзува Прилеп и Битола. Станува збор за делница во должина од речиси 40 километри кои ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во рамките на проектот тежок 1,3 или 1,5 милијарди евра.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе