CSS Template

Џудо клубот Сеишин со празнична завршница на специфичната спортска година

71
Avtokontrol1

Џудо клубот Сеишин – Прилеп на симболичен начин ги заврши активностите за 2020 година. Имено, денес, согласно процедурите и протоколите за заштита од Ковид 19, клубот организираше мини прием за своите членови при што за секој член беа доделени џудо календари за новата година, а за најмладите беа поделени Новогодишни пакетчиња.

Оваа година со оглед на фактот дека не беа одржани сите првенства и џудо турнири клубот не прогласуваше Најдобри по возрасни категории, туку епитетот најдобри го добија сите членови на клубот. Посебно ПРИЗНАНИЕ му беше доделено на Маке Спиркоски, активен џудо ветеран и спортски џудо учител за посебни заслуги за клубот во 2020.

Спиркоски на 70 годишна возраст непрекинато учествуваше во сите предвидени активности на клубот заедно со својот колега, ветеран, Киро Здравески (69) ,кој оваа година, пак, освои повеќе награди ( 13 Ноемвриска и 13 Величествени до изборот на Радио Пела,како залужен џудо ветеран за своите активности и промоција на џудо спортот,особено кај младите за време на пандемијата).

Џудо клубот Сеишин Прилеп ја искористи приликата да им ги честита Новогодишните празници нa сите свои членови, пријатели, соработници, помагатели, сите љубители на спортот како и сите граѓани со желби за добро здравје во новата година и НАДЕЖ дека во 2021 повторно ќе се отворат спортските сали на џудо татамите и заеднички ќе се радуваме на џудо успесите.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Kreas