ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Задушница за Духовден во прилепските храмови – утре неработен ден за православните граѓани

240

Утре е неработен ден за граѓаните од православната исповед .Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), утре, 2 јуни 2023 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДУХОВДЕНСКАТА ЗАДУШНИЦА воо Свето Благовештение – Стара Црква:
Во петок (02.06) и сабота (03.06), во црква ќе се отпева за покојните од 07.30 до 09.30 часот и попладне од 16.30 до 18.00 часот,  после Богослужбите.
На новите градски гробишта од 12.00, а на старите од 13.00 часот, во петок и сабота.
Бог да ги прости покојните и да им дарува Царство Небесно се вели во известувањето на најстариот прилепски храм, Свето Благовештение – Стара Црква.

 

Се известуваат верницоте дека за духовденската задушница промени за починатите во нашиот храм ќе се извршуваат во петок и сабота, НАУТРО во периодот од 7:00 – 9:00 часот (односно по завршувањето на Божествената литургија) и ПОПЛАДНЕ од 17:00 – 18:00 часот (односно по завршувањето на вечерната богослужба). Промените на гробишта ќе се извршуваат во вообичаените термини, односно на НОВИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 12:00 часот и на СТАРИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 13:00 часот, во петок и сабота а в недела после 10:00 часот –  стои во соопштението на црковниот храм Св. Петка.

-По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

Нови градски гробишта – петок и сабота од 12 часот.

Стари градски гробишта – петок и сабота од 13 часот.

Храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и храм Света Петка – Точила
– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.

Блудците ќе се пејат одма после службата.

Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија. Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно – известуваат од црковниот храм Св. Кирил и Методиј (Параклис).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: