ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Без организиран превоз останаа учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

415

Средното медицинско- козметичко училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп не е во можност да обезбеди организиран превоз за над  200 ученици од 47 населени места во прилепско и во наредниов период ќе треба родителите сами да се погрижат со цел нивните деца да следат настава. Проблемот настанал бидејќи директорката на училиштето Петра Лукароска смета дека е незаконски да потпише анекс на завршениот договор од минатата учебна година со кој се регулирал превозот. Од друга страна, огласот за јавни набавки за 2023 година не бил завршен. Училиштето ќе бара вонреден испекциски надзор на државиот просветен инспекторат да се утврди одговорноста за таквата состојбата.

-Договорот за минатата учебна година заврши на крајот на декември. Со другите четири средни училишта на 28 декември го потпишавме првиот анекс за до 10 февруари, за да нема застој додека не се спроведе постапката за јавни набавки за оваа 2023 година. Но, не можам да го потпишам вториот анекс кој го нуди општината и ќе се доведам во ситуација да го прекршам законот и да бидам кривично гонета за тоа. Учениците не треба да трпат прекин на наставата. Затоа се обративме до локалната самоуправа да добиеме одговор оттаму, но до ден -денес не го добивме одговорот дали на учениците на некакво начин може да им се овозможи превоз додека не заврши постапката со јавната набавка. За утврдување на причините кои доведоа до ваквата состојба, но и за утврдување на одговорноста за неизвршување на надлежностите на локалната самоуправа околу организирањето превоз за учениците, денеска до државниот просветен инспекторат е поднесена иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор за да се лоцира чија е одговорноста за настанатиот проблем, посочува Лукароска.

Правниот застапник на училиштето адвокатот Жарко Стеваноски, вели дека вториот анкес што го потпишале другите четири средни училишта е незаконски .

-Законот за јавни набавки забранува по истекот на важноста на основниот договор да се склучува и да се продолжува со анекс за времетраењето или да се изменува во поглед на вредноста на договорот за јавна набавка. Во конкретниов случај станува збор за таква ситуација и склучувањето на таков анекс-договор значи црпење средства од основниот буџет на Прилеп кои не биле предвидени со буџетот за 2023 година. Практично, се упатува на црпење средства без јавна набавка од оние кои во буџетот се обезбедени да се трошат за оваа година со јавна набавка. Станува збор за милионски договори, а за конретниов случај во овој вакуум период сигурно станува збор за можеби 2-3 милиона денари, вели адвокатот Стеваноски.

Со соопштение за јавност излегоа од локалната самоуправа Прилеп  и побараа директорката на училиштето, Петра Лукароска, да си поднесе оставка поради несоодветно менаџирање и неводење грижа за учениците.

-Заднината на ваквото работење на директорката во ова средно училиште е и тоа што по секоја цена сака да го задржи директорското место без разлика што со тоа им нанесува непроценлива штета на учениците, а исто така и дополнителен аргумент за нејзините пропусти и недоверба во работата е постапката за нејзино разрешување покрената од страна на Училишниот одбор. Директорката на СОУ „Ѓорче Петров“ (Петра Лукароска) под итно да си поднесе оставка за да ги заштитиме децата како и родителите од постапките на ваквите менаџери. Бараме од Државниот просветен инспекторат да излезе итно на терен, да ја констатира состојбата во училиштето и да го санкционира незаконското работење, стои меѓу другото во соопштението од Општина Прилеп.

Општина прилеп за 2023 година, за превозот на ученици преку спроведување јавна набавка одобри 37 милиони денари.

Во средното училиште „Ѓорче Петров“ настава посетуваат 806 ученици, од нив над 200 доаѓаат од 47 населени места од регионов.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: