ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Без утврдени цени, се подготвуваат договорите пред новата реколта

603

Секоја година иста приказна со тутунопроизводството, утврдувањето и регулирањето на цените кои ќе бидат во новите договори. На социјалните мрежи се води „битка“ како и секогаш овој период во годината: Дали треба тутунарите да даваат податоци за подготовка на бланко договори за претстојната реколта?!

Иако оваа земјоделска гранка е од највисок ранг со соодветна законската регулатива: Закон за тутун и тутунски производи, правила и прописи за производство, организација на откуп и проценка, сепак очигледно постојат недоречености кои се на штета на примарните производители. Или пак, едноставно, земјоделците сакајќи да обезбедат сигурен пласман им „прогледуваат низ прсти“ на откупувачите иако знаат дека најчесто таквата практика е на нивна штета. Нејасно е зошто тутунарите даваат согласност за договори пред да се знаат цените за килограм производство?!  Едноставно е прашањето – Како може да се договорите за продажбата, а  цената да ви ја утврдува единствено тој што купува?! Згора на тоа, во ваква економски нестабилна состојба, кога ниту може да се предвидат производните трошоци, мудро би било единствено да се чекаат предложените цени од откупувачите, па дури потоа да се одлучи.

Од тутунските здруженија кои не се во Сојузот на земјоделски здруженија (официјалниот претставник на тутунарите) реагираат:

Како тутунски здруженија сакаме да поставиме неколку легитимни прашања до оние институции кои моментално хибернираат, а се надлежни да ја регулираат оваа проблематика но и до СЗЗ кои земаат пари од тутунарите и за тоа се платени:

  1. Дали министерот и инспекторатот се запознати со оваа состојба на терен и дали истата е во склад со законот за тутун?

2. Го повикуваме Менде Стомнароски да излезе во јавност и да каже дали ВЕЌЕ ги добиле предлог договорите за новата реколта кои според законот најдоцна до 20ти февруари треба да ги достават откупувачите до СЗЗ?

3. Ако ги добиле, кои се ЦЕНИТЕ?

4. Ако не ги добиле, како тогаш откупувачите земаат податоци од коперантите и од кога ќе ги соберат можат да излезат со која сакаат цена на класи??!

5. Дали,кога и како ќе се обесштетат сите тутунари на кои им беше проценет тутунот и во други класи???

Очекуваме итни одговори на овие поставени прашања, а Менде Стомнароски поради парите кои што ги зема од тутунарите очекуваме под итно јавно да каже дали тутунарите треба СЕГА да даваат податоци за договори за цени кои не ги знаат? За да не излезе онаа народната,,ПО СВАДБА ТАПАНИ,,! , стои во реакцијата од Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: