ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Важна информација за сите возачи и фирми во Прилеп

432

Министерството за внатрешни работи ги информираше сопствениците на возила што имаат таблички со ознаката МК, дека ќе мораат да ги заменат со нови на кои ќе стои ознаката NMK.

Обврската за промена на табличките со новата ознака НМК ја наметнува членот 25 од Законот за возила и членот 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот за издавање таблички.

Согласно овие регулативи возачите се должни оваа измена да ја извршат најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Како општествено одговорна компанија “АВТО КОНТРОЛ” Прилеп ги повикува своите коминтенти, да прифатат промена на таблиците при регистрацијата на нивните возила, а со цел да се избегнат создавања на гужви, и процесот кој произлегува од претходно споменатите законски норми да се одвива тековно без застој.

Целта на компанијата е да им излезе во пресрет на сите свои клиенти, физички и правни лица, а со цел навремено да се издаваат новите регистарски таблички.

Компанијата ги информира и истовремено ги повикува сите правни лица, да закажат термин за навремено да ја извршат законски предвидената промена на таблиците.

Секако апелот важи и за физичките лица, за кои апелираме да прифатат да ги променат таблиците при регистрацијата на нивните возила, а со цел да се избегнат гужви, а граѓаните навремено да ја завршат оваа законски предвидена обврска и да ги избегнат казните, кои според Законот за возила, ако некое возило е во сообраќај со поинакви регистарски таблички од пропишаните, изнесуваат 100 евра.

Грижата за нашите клиенти е наш приоритет и затоа како компанија ги следиме сите законски регулативи и навремено ги информираме за секоја промена – велат од “Авто Контрол” Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: