ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) За пандемијата Јованоски очекува брз колективен имунитет, а в петок, камен темелник за новата детска градинка во Точила…

3.759

“40% од граѓаните на Прилеп го имаат прележано вирусот. Некои со тешка клиничка слика, некои со полесна, некои само со мали симптоми, некои се позитивни, а немаат некои позначитeлни знаци на болеста, така прилепчани го прележаа Ковид 19, и таа бројка е голема, па очекувам Прилеп да биде меѓу првите градови во државата кој би добил колективен имунитет.

В среда ќе започне и имунизацијата, (најголeмиот дел од здравствените работници се вакцинирани) и тоа ќе придонесе уште повеќе бројот на заболени и хоспитализирани да се намали … Апелот е да се почитуваат мерките на дистанца, носење на заштитни маски и одржување на хигиената на рацете. Тоа не смее да се заборави! Но, не може младата популација да се однесува не одговорно, да се групираат во кафичи и приватни забави, бидејќи така им наштетуваат на повозрасната популација која е со помал имунитет.“..- истакна во дел од разговорот градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски во емисијата „Одговорност и одговори“, говорeјќи, како прв човек на Општинскиот кризен штаб-Прилеп, за алармантната состојбата со ширењето на коронавирусот во Прилеп.

Од денеска е пуштен  јавниот повик за субвенционирање на клима уреди и велосипеди. Од буџетот на општина Прилеп се издвоени 4 милиони денари за оваа цел ….„ – истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски (29:02 мин.)

„Во петок, на 2 -ри април,  ќе биде поставен камен темелник на новата детска градинка во населбата Точила, со капацитет за 250 деца, која до крајот на годината треба да  биде готова. Со оваа детска градинка, сметам дека во иднина ќе немаме потреба од чекање на ред за дечињата да бидат сместени во детски градинки. Тоа ми е посебно драго, што ќе го решиме долгогодишниот проблем кој што го имаа родителите при згрижување на децата во градинка, поради немање на доволен број места!…“-потенцира во емисијата “Одговорност и одговори“, градоначалникот Јованоски.(31:10 мин)

„Во наредниот период ,наредните две недели, ќе започне и реконструкција на четири улици…“- рече Јованоски и ги наброи улиците кои ќе се реконструираат (33:12 мин).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: