ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Николоски: Референдум за работата на градоначалниците, зошто да не?!

233

Викендов завршија отворените денови за граѓаните, на кои лице в лице, општинските функционери имаа средби и можност да ги чујат забелешките и предлозите од нивните сограѓани во врска со креирањето на програмата, проектите за наредната 2023 година. Една од опциите која што периодов се разгледува е користењето на механизмот за ОПШТИНСКА ОБВРЗНИЦА (како еден вид на поволен кредит), со што, локалната власт би обезбедила средства од бизнис секторот и граѓаните за реализација на планираните проекти. Пратеникот Александар Николоски, инаку потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и носител на пратеничка листа за 4 тата изборна единица, Радио Пела го постави прашањето – дали оваа политичка партија размислува за референдумско изјаснување на локалната заедница кога станува збор за вакви важни одлуки.

Радио Пела: Сметате ли дека како политичка партија има потреба од организација на општински референдуми за покренување на општинска обврзница?

– Во однос на рефендумите јас секогаш ги поддржувам и мислам дека, секако граѓаните треба да го кажат своето мислење, затоа и ние го правиме ова што го правиме овие два викенди. И тука е јасна разликата помеѓу нас и владата на СДСМ и ДУИ. Јас не гледам дека буџетите се креираат заедно со граѓаните, еве во соседната општина Кривогаштани, или во соседна општина Долнени, да не одам подалеку. Така што, тоа е една јасна разлика, рече Николоски.

Она што во рамките на одговорот на прашањето меѓу другото Николоски го посочи е дека политичката партија не ја исклучува можноста овој најдемократски механизам – референдумот, да биде воведен како еден вид на контролна алатка за работата на градоначалниците.

– Во однос на референдум секогаш е добра опција. Можеби треба да размислуваме и за воведување на референдум и за работата на градоначалниците, зошто да не?! Затоа што градоначалниците имаат секако избор кој што е директен од граѓаните. Но, после тоа, контролните механизми се помали споредено со други функции. Така што не би било лошо да го ископираме германскиот модел каде што граѓаните ќе можат да разрешат градоначалник на референдум, посочи Николоски при посетата на Прилеп во рамки на отворените денови со граѓаните.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: