ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Волонтери и матични лекари помагаат во прилепската болница, а има и слободни кревети

1.766

„Правиме се’ што треба, добро сме организирани. Болницата во моментов со дополнителното одделение  – Гинекологија кое од саботата е ставено во функција за лекување и хоспитализација на Ковид пациенти, има 30 слободни кревети вели др Мирјана Крстеска“, раководител на инфективното одделение при Општата болница „Борка Талески“ Прилеп.

Во моментов во прилепската болница се хоспитализирани 106, се примаат нови, така што бројката е до 110, a вкупната бројка за сместување на Ковид пациенти со која што болницата располага се 140 кревети за хоспитализација.

„Заедно со новиот Ковид-центар кој е на гинеколошкото одделение, сосема оддвоено од акушерскиот оддел малку се разлабави работата за да може да примаме пациенти. Во моментов имаме 30 слободни кревети и може да примаме пациенти без некои ограничувања“, вели др Крстеска.

Инфективното одделение од минатата недела има обезбеден централен довод на кислород кој што донација од Прилепска Пиварница и во рекордно брзо време беше инсталиран за потребите на инфективното одделение.

„Секогаш има и резервни боци со кислород доколку се појави потреба. Со персоналот сега сме многу подобри,доаѓаат и од други места.  Лекари немаме многу, да признаеме, но имаме доволно медицински сестри и болничари. Имаме волонтери матични лекари. Еден веќе цел месец волонтира, и со други тројца, сега имаме вкупно четворица матични лекари кои волонтираат. Помлади се, но многу добро се снаоѓаат во работата“, додава др Крстеска.

Инаку, изминатиот период Прилеп се наоѓаше во врвот во земјава, според бројот на новозаразени и починати лица од Ковид 19. За последната седмица од 17-ти до 23-ти ноември  од Центарот за јавно здравје информираат дека во општина Прилеп имало 425 нови случаи на коронавирус. Од последици на коронавирусот, починале 18 лица. Бројот на активни случаи изнесува 965, од нив најголемиот дел 811 лица се на домашно лекување, 107 на болничко, а 47 се лекуваат во дневната болница,  на кислородна поддршка се наоѓаат 53 пациенти. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.164 лица.Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 2.608.Од почетокот на пандемијата, од коронавирус во општина Прилеп починале 114 лица. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: