ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Австралија се отвораат сојузните граници, Ковид правилата олеснуваат

645

Крената е „рампата“ на границата меѓу Викторија и Нов Јужен Велс од како  Мелбурн 24 денови е без нови Ковид случаи, а во таа австралиска држава во моментот има само еден активен случај на Ковид-19. Нов Јужен Велс, најголемата федерална држава во австралиската федерација со околу 6,7 милиони жители, во моментот го бележи својот 16-ти ден без нови случаи на локално пренесување на коронавирусот.

Со отворањето на границата, прв пат во последните 138 дена граѓаните во овие две сојузни држави, може повторно слободно да се движат од една во друга. На главниот пат помеѓу соседните регионални градови Водонга и Олбури била поставена диџеј-бина, каде што со музика се пречекувале првите возила.

Авиопревозниците „Квантас“ и „Џетстар“ продале повеќе од 25.000 авионски билети во првите 48 часа откако претходно овој месец било објавено дека ќе бидат укинати прекуграничните ограничувања.

Федералната држава Викторија беше центар на вториот бран на пандемијата во Австралија, што доведе до воведување строг карантин кога бројот на нови случаи на ден достигна 700 лица.

Мелбурн, град со 4,9 милиони жители, беше парализиран цели 112 дена во текот на кои им беше кажано на граѓаните дека мора да останат дома. Кога беа укинати ограничувањата кон крајот на октомври, Викторија немаше нови случаи.

Поради подобрување на состојбата, државата Викторија објави нови полиберални правила: маските не задолжителни за надвор, додека мора да се носат во јавен транспорт, дозволено до 15 посетители во домовите дневно, надворешно групно собирање е дозволено до 50 лица. Кината, ликовните галерии се во можност да ги посетуваат до 150 луѓе. За свадбите и погребите се дозволени до 150 луѓе.

На граѓаните во Викторија ќе им биде дозволено да имаат до 30 гости дома за Божик.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: