ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во последната секунда нерешено за опстанок на РК Прилеп во суперлигашкото друштво

208

Ракометарите на  РК Прилеп и РК Јуниор Кисела Вода од Скопје,  ги поделија бодовите во натпреварот од „плеј-аутот“ на македонската Супер Лига. Мечот заврши со резултат (11:11) 24-24, а се чини дека овој исход беше најреален за двете екипи,според прикажаното на теренот.

Тимот на Јуниор КВ иако водеше со плус два во финишот на натпреварот ракометарите на  Прилеп,  преку Шокоски, а во последната секунда и Бикоски се погрижија за реми и бод за Прилеп, со што и следната сезона прилепчани се блиску да играат во суперлигашкото друштво.

Давор Шокоски постигна 13 гола за домашните, а осум гола за гостите постигна Дарио Симоноски.

Екипата на ЕК Прилеп сега е петта на табелата со 21 бод и можност да остане во Супер лигата во наредната сезона.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: