ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп се чекаат вакцините против сезонскиот грип

592

Вакцинацијата во Прилеп против сезонскиот грип не е започната. Матичните лекари очекуваат информации за да можат да почнат со закажувањето на термини, бидејќи како што велат дел од нив, кај нив веќе има по 100 тина лица кои се пријавиле за примање на сезонската вакцина против грип. Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп, каде ќе биде и вакциналниот пункт оваа година, соопшти дека сеуште се чекаа на дистрибуцијата на вакцините за Прилеп. Инаку, пунктот за вакцинација од сезонскиот грип оваа година поради пандемијата ќе биде лоциран во Уредот во делот кај предшколските вакцини со посебен влез. Пунктот ќе работи во попладневните часови, од 14 до 20 часот. За Прилеп, министерството за здравство обезбедило вкупно 690 бесплатни вакцини од сезонски грип за 5 те ризични групи вели Аџиоска.

Според најавите од Министерството за здравство, вакцинацијата во Прилеп ќе започне во четврток.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3650143998376096

Со бесплатната вакцина ќе бидат опфатени хроничните болни, здравствените работници, бремените жени, децата од шест месеци до 5 години и пензионерите над 65 години. Граѓаните од посочените резични групи, а кои биле Ковид позитивни, ќе може да примат вакцина после 1 месец по оздравувањето од корона вирусот. Закажувањето на бесплатната вакцинација ќе оди, како и досега преку Мој термин, со матичните лекари, што по дистрибуцијата на вакцините, ќе им биде овозможено на матичните лекари да отпочнат со закажување. Во останатите градови во Македонија вакцинацијата против сезонскиот гри започна денеска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: