ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во селата Бонче и Дрен има шумски пожар

273

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево пожари имало во атарите на велешкото село Бисрица, во атарот на прилепските села Бонче и Дрен, како и над тетовското село Боговиње. Горат ниви и стрништа, а во селата Бонче и Дрен двата шумски пожар се сеуште активни

Од Центарот за управување со кризи тврдат дека пожарот е пријавен од 08:42  во село Бонче,а таму  Интервенираат тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Од 09:35 часот има шумски пожар и во село Дрен, кај манастирот „Свети Илија“ . Интервенираат тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Само пред два дена во Општина Прилеп се одржана а седница на Регионален штаб на ПО-РЦУК Прилеп за превентива и заштита на населението и човечките добра, со посебен осврт на шумските пожари, пожари на отворен простор поради сувата вегетација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: