ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Германисти“ од ООУ “Добре Јованоски“ на државен натпревар

356

Под менторство на професорката по германски јазик,  Марија Хаџи-Митреска на регионалниот натпревар по германски јазик (ученици од основните училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци, Демир Хисар), учениците од шесто одделение, од ООУ “Добре Јоавноски“:  Анастасиа Глигороска (48 поени од 50) и Методиј Димески (39 поени од 50) се изборија со своето знаење и граматичка точност за учествуваат на националниот (државен)  натпревар по германски јазик.  А,  учениците: Софија Колеска (6 одд), Михаела Богевска (8 одд) , Андреа Вељаноска (8одд) на овој, регионален натпревар добијаа пофалница за активно учество, како мотив за понатамошно изучување на овој светските јазик.

Горди на сите нив, професорката и ментор по германски јазик, Марија Хаџи-Митреска изјави: „И,  тоа не е крај,  туку,  само почеток на откривање на еден нов свет, кој верувам дека им се допадна и тоа многу. Јас и училиштето „Добре Јованоски„ сме горди на секој од нив поединечно за нивната желбата да го изучуваат германскиот јазик, за трудот, за залагањето и вложувањето, за посветеното време, за трпеливоста, мотивираноста, истрајноста и пред се љубовта и трудољубивоста во изучувањето на овој странски јазик. Тие се нашите идни германисти“

Директорката на училиштетео, Панде Николоска срдечно им честита : „Се радувам што имаме вакви ученици. Тие се нашата гордост. Им честитам и им посакувам многу среќа на државниот натпревар  „- истакна таа .

И, сето тоа беше “закитено„ со заедничка фотографија, како траен спомен за успехот и поддршката.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: