ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Годишнина од смртта на Блаже Конески – „каков му е јазикот на народот, таков живот живее„

268

Денеска, 7 декемврви (1921 – 1993 г) ,  се навршиуваат 29 години од смртта на Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литератур,а во областа на културната историја на македонскиот народ.

 

Блаже Конески е роден во село Небрегово, Прилепско, каде живее до својата осма година. потоа, целото семејство се сели во Прилеп и таму Конески учи основно училиште и нижа гимназија. Виши класови гимназија учи во Крагуевац, а студиите по славистика ги започнува во Белград и ги завршиува во Софија 1944 година. По ослободувањето доаѓа во Скопје и развива богата културна и научна дејност.

Како научник – славист, тој ги прави најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествува во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома). Освен со научна, Конески се занимава со творечка, препејувачка, есеистичка и критичка дејност.

Во 1945 г. се појавува неговото прво поетско дело „Мостот“, со мотив од изградбата на земјата; 1948 г. збирката „Земјата и љубовта“ – песни со патриотски и борбени чувства, карактеристични за првата фаза на повоената македонска поезија; 1953 г. збирката „Песни“, каде се свртува кон себе, кон својата интима. Следуваат збирките: „Везилка“, циклусот „Стерна“, збирката раскази „Лозје“. Ги напишал и збирките песни: „Записи“, „Стари и нови песни“, „Чешмите“, „Послание“, „Цркви“, „Златоврв“, „Сеизмограф“, „Небесна река“ и „Црн овен“.
Конески беше почесен директор на неколку универзитети, а во негова чест, денес Филолошкиот факултет го носи името Блаже Конески,а во Прилеп ООУ „Блаже Конески “ го чува споменот за нето. Прилеп подигна споменикот пред Домот на културата „Марко Цепенкво„  како вечен паметник за неговата големо влијание врз опшествено-културниот живот во Република Македонија,а во неговот родно Небрегово обнована е неговата родна куќа како  спомен куќата, за да не се заборават неговите дела, зборови и  вистината: “каков му е јазикот на народот, таков живот живее.”

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: