ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот на Новаци, Стевановски, се отчита пред сограѓаните за 1 година од сработеното

218

На 19 страни е отчетот на градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, за тоа што сработила општината за изминатиот период од 1 година. Како што посочува во своето излагање градоначалникот, од вкупно 130 проекти во неговата изборна програма, во оваа измината прва година биле реализирани околу 58, дел од вкупниот број проекти се во почетна или завршна фаза на реализација, а останатите вети дека ќе бидат завршени во преостанатите три години од неговиот мандат. Најголемиот дел од проектите се однесуваат на подобрување на инфраструктурата, асфалтирање и реконструкција на улици и патишта, како и во комуналната сфера за изградба на водоснабдителен цевковод за неколку села, решавање на прашањата со атмосферската канализација во населените места.

Воедно, општината на барање на жителите го реконструирала објектот и изградила Младински клуб во Гермијан, а испочитувани се ветувањата за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на клима уреди, еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари, субвенции за термоизолациони фасади.

Општината, во услови на енергетска криза, како резултат на многубројни средби на градоначалникот Стевановски со потенцијални инвеститори, веќе започна да се гради фотоволтаична централа, а започнати се и постапки за изградба на две биогасни централи.

Отчетот на градоначалникот Стевче Стевановски  на овој линк 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: