ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градоначалникот Јовчески упати велигденска честитка

190

По повод овој голем ден, Христовото воскресение – Велигден на сите наши сограѓани, православни христијани им посакувам многу здравје, среќа и бериќет, им посакувам во мир и благосостојба да ги поминат претстојните Велигденски празници заедно со своите семејства.

Големиот христијански празник Велигден ни дава можност да шириме љубов и позитивна енергија, да се грижиме и правиме добри дела, да ја чуваме традицијата, да го негуваме културното и историското наследство, да ја негуваме верата и да бидеме сплотени во зачувувањето на нашиот македонски идентитет.

Вербата и искреноста имајте ги во вашите души не само за овој празник, туку во текот на целиот ваш живот, сакајте се,
простувајте и во Бога верувајте.

Ви го честитам Велигден и ви посакувам да го поминете во прекрасна топла атмосфера со своите фамилии.

Христос воскресе – навистина воскресе!
Честит Велигден!

Градоначалник на општина Прилеп,
Борче Јовчески

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: