ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градската болница доби донација од Гентерм

601

Градската болница Борка Талески денеска доби донација од општествено одговорната компанија Гентерм. Станува збор за машини за перење и сушење постелнина, кои што се неопходно потребни за болницата, посочи Кети Смилеска директор на болницата.

– Машините ќе ги користиме во пералната и при тоа ќе ги замениме старите и дотраени од пред неколку децении. Новите машини за перење и сушење се високо енергетски и економични машини ќе имаме подобра хигиена за сите одделенија кои ги опслужува пералната. Ова е повод да се заблагодарам и да упатам апел и до другите општествено одговорни компании, посочи Смилеска.

Од Гентерм Македонија посочија дека оваа донација нема да биде последна и дека секогаш ќе излегуваат во пресрет на потребите на оваа здравствена установа.

– Ќе продолжиме со соработката со граѓаните од локалната заедница и со градската болница во Прилеп. Овој пат со донирање на опрема за перење и сушење што ќе помогне за болницата да продолжи да обезбедува хигиенски стандарди за пациентите. Ова е наша трета донација, како дел од долгорочната стратегија за помош на локалната заедница во болниците, градинките и училиштата. Наскоро за болницата, ќе ги утврдиме приоритетите за донации и за наредната година Андреј Хафинец директор на Гентерм Македонија.

Донацијата во опрема на машини за перење и сушење е во вредност од 12 илјади евра.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: