ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Грузијците за ракометот: Во Македонија е многу важен ракометот како спорт (ВИДЕО-ФОТО)

829

Неодамна Грузија и Македонија потпишаа спогодба за укинување на визите меѓу двете земји и потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузија. Многумина, малку со иронија гледаа на ова вест , Што ќе ни е укинување на визи со Грузија ? Но, за РК Прилеп ова е еден значаен момент, затоа што добар дел од екипата, првотимци се од Грузија. Тројца од нив беа дел од нашата програма во живо каде и јавно проговорија за ракометот во земјава , за нивниот клуб Прилеп и секако за тоа кои се поволностите од цела оваа ситуација со потпишувањето на спогодбата за укинување на визите.

Рустамов ,Цинцадзе и Гавашијашвили со респект зборуваа за својот клуб во кој настапуваат и како што рекоа со сите сили ќе се обидат да го обезбедат опстанокот во суперлигашкото друштво и догодина повторно да играат во елитното друштво. Тие рекоа дека Прилеп како град е убав за живеење зашто не им пречи што навечер е мирно и дека нема многу сообраќај како што имало во нивниот роден град Тбилиси.Истакнаа и дека уживаат во ракометот што се игра во Македонија и затоа и тие даваат максимум за ракометниот клуб Прилеп.

За тоа колку е важна оваа спогодба на Грузија и Македонија но и за се она што ќе се случува во прилепскиот суперлигаш под раководство на Горан Кузманоски погледнете од целосниот разговор во видеото подолу.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: