ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Да, инспекторе, претстава со грешки“ – вечер, премиера во прилепскиот театар

741

Прилепскиот театар вечерва во 19 и 30 премиерно ќе ја изведе претставата „Да, инспекторе, претстава со грешки“ во режија на Синиша Евтимов. Ова е втора премиера во прилепскиот театар годинава. Во претставата играат: Илија Вочлески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Тодески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Наумоска Ачански, Игор трпчески, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски. Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, тон мајстор и дизајн на звукот е Томе Темелкоски.

За премиерата, според протоколите, ќе има 50 отсто публика. На режисерот Евтимов, ова му е прва соработка со прилепскиот театар. Претставата, вели тој е сценско видување на текст од тројца англиски автори, познат во светот, а упатува на тоа дека она што ни се случува околу нас, т.н. „елегантно пропаѓање“, видено е на спечифичен, хумористичен начин.

Ова е наша прва соработка со прилепскиот театар и одлично е. Живееме во време во кое елоквентно и елегантно се распаѓаме. А ако е така, барем да биде на „журка“ до крај. Тоа е идејата на оваа претстава која се вика „Да, инспекторе, претстава со грешки, базирана на современ англиски текст кој е познат во светот. Ние направивме наша верзија. Станува збор за тројца автори на текстот. Ако треба да се каже за претставата кратко, тоа е мој поглед на она што ни се случува во градов, во држава, во светов, воопшто. Мислам дека живееме во време во кое сите се гледаме в очи и се лажеме дека сѐ е добро и дека одиме понатаму, а во принцип, отмено пропаѓаме. И ако пропаѓаме, тоа, барем, да биде со смеење. Мислам дека направивме одлична претстава. Овој театар има прекрасен ансамбл со кој е задоволство да се работи и сигурен сум дека публиката ќе го почувствува сето она што го работевме изминатите 50-тина дена, “изјави Евтимов.

За актерите Илија Вочлески и Марија Спиркоска Илијеска првата соработка со режисерот Евтимов создаде претстава која се очекува да биде хит и долго да се задржи на репертоарот. Очекуваат публиката да го препознае специфичниот хумор, досега невиден во комедиите и „претставата во претстава“ да има долг живот на сцената. За нив е многу битно што се активни на театарската сцена во ова пандемично време.

    Актерката Марија Спиркоска Илијеска вели среќна е зашто имаат добра претстава.

„Во комедија е потешко да се дојде до резултатот да препознае публиката. Потребен е голем труд, режисер кој води и кога сето ќе се склопи во една целина, мислам дека имаме голем хит и дека долго време ќе биде на репертоарот на театарот. Самата претстава има две претстави во себе: една на сцената и друга зад сцената. Концентрацијата треба да биде на високо ниво цело време, што е голем предизвик за нас, актерите. Играме паралелни ситуации, нешто кое досега не ни се случило,“ вели Спиркоска Илијеска.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: