ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две награди за прилепскиот театар на Денови на комедијата во Куманово

199

Театарот „Војдан Чернодрински“ освои две награди на деновиве завршениот 25 –ти фестивал Денови на комедијата во Куманово – за најдобар актер – Димитар Ѓорѓиевски (за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) и најдобра сценографија – Илина Ангеловска (сценографија во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ). Одлуката за наградите ја донесе жирито на Денови на комедијата – Куманово 2022 во состав: претседател – Магдалена Ризова Черних (актерка) и членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател), и Крсто Богојевски (сценограф).

За добитниците наградите се значајни. Димитар Ѓорѓиевски вели дека ова му е прва поголема награда за актерска игра.

 -Баш ми е ќеф што доаѓа на фестивал каков што е кумановскиот. Кумановчани се луѓе со неверојатен смисол за хумор и чувство за комедија, така што наградата таму, на фестивалот за комедија, има бонус значење. За да бидат работите поинтересни, јас во оваа претстава влетав на двапати. Еднаш пред премиерата, во улогата на Јосе и сега вторпат на фестивалот, во улогата на Пеце (на местото на Катерина Чакмакоска – Клинческа). Не учествував во подготовките целосно поради други ангажмани, ама ми беше многу ќеф да соработувам со Синиша на комедија и замолив да влезам во претставата, да се моткам во позадина и да помагам. Сега втор пат, ја менувам Кате, и со огромна помош и трпение од сите колеги, ете веројатно сум ја заменил Кате без да и ја упропастам феноменалната улога.  Како и да е, благодарност до сите кои го препознаа трудот, кои помогнаа да се случи и кои веруваа во мене – изјави актерот Димитар.

„Да инспекторе, претстава со грешки“ во режија на Синишта Ефтимов е хит претстава која од премиерата досега одиграна е над 15 пати, а следната изведба е планирана за 21 овој месец.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: