ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска официјално стартува гласачкиот процес. Колкаво е гласачкото тело во Прилеп?!

Се бираат градоначалници и советници

1.094

Денеска официјално стартува гласачкиот процес. Се бираат градоначалници и советници.

На локалните избори вкупен број на избирачи во Општина Прилеп изнесува 63,436,  Општина Крушево има 7.955 лица кои имаат прав на глас и се во Избирачкиот спиосок за овие локални избори, во Општина Кривогаштани право на глас имаат 4. 637, а во Општина Долнени ќе гласаат 11.840 лица.

Во Македонија гласочкото тело изнесува 1.824.864.

Иаку, за градоначалничката функција, на денешните локални  избори, за Прилеп се натпреваруваат 5 кандидати , за Крушево двајца кандидати, за Кривогаштани 4 кандиати,  за Општина Долнени 8 кандидати.  За некој од нив да победи во првиот круг, потребно е да освои мнозинство гласови,  но само ако на гласање, излезат 1/3 од запишаните избирачи во Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку излезноста е под овој процент, без разлика на бројката на освоени гласови се оди во втор круг. Во вториот круг одат двајцата кандидати со најмногу гласови.

Граѓаните на Прилеп ќе можат гласаат и за една од 8 советничките листи , во Крушево до Општинската изборна комисија пристигнале вкупно 7 листи за советници, а една од 12 советничли листи ќе бираат жителите на Општина Долнени , додека од  општина Кривогаштани гласачите имаат да бираа од 6 листи за советници .

Советниците се бираат само во првиот круг по т.н. „Д Онтов модел“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: