ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска се празнува СВ. НАУМ ОХРИДСКИ: Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

988

Денеска, Светата православна црква, во чиј состав е и Македонската православна црква, го празнува споменот за светиот отец Св. Наум Охридски Чудотворец, еден од најголемите чудотворци светители во МПЦ. Ако св.Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот, не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност.

Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.

Св Наум е ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработувале со овие словенски апостоли. Свети Наум патувал во Рим, каде што се прославил со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаел многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим се населил на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствувал како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основал манастир на јужниот брег на езерото.

Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите е извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобрале и мноштво монаси од сите страни на Балканот. Бил мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудел и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршел чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокоил во првата половина на 10 век.

Во чест на овој голем светител за прв пат во Прилеп се гради храм посветен на него, поставен пред велзот во Прилеп, во близина на Могилата на непобедените. Храмот сеуште е во изградба, а секоја година дел од граѓаните го посетуваат храмот на овој ден и во чест на светителот, пред црквата, се одржува водосвет и режење на славскиот колач. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: