ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Депонии, депонии, депонии- се чистат, пак, со наши пари, а ние, пак, фрламе! Каде „лежи„ проблемот?!

164

Отпаден градежен материјал, стара покуќнина, обувки, облека, постелнини, теписи и што ли уште не, чистеа комуналните работници од неколку диви депонии на потегот од надвозникот кај Салида до бензиската Лук оил и над населбата Кузман.
Мапирани се 12 големи диви депонии во околината на Прилеп, и околу 20 – тина помали.
И,  покрај апелите отпадот да се одлага во куќните корпи за отпадоци, додека за старата нефункционална покуќнина ЈКП Комуналец , има обезбедено посебна линија секој четврток, оваа појава на неконтролирано исфрлање на отпад никако да прекине.Голема е штетата која се прави и со одлагањето на градежен материјал, иако граѓаните на располагање имаат контејнер од 5м3 за кој ќе платат 1360 ,оо денари, и услуга со трактор со цена од 6300,оо денари.„ велат од Комуналец.

Не се користи ниту можноста самоиницијатив но да се транспортира отпадот до депонијата во Алинци, според евидентираните влезови најмалку се користи,  иако влезот во депонијата не се наплаќа.

„Во октомври/ноември, минатата година  ЈКП Комуналец ги расчистуваше дивите депонии  покрај пристапните патишта и влезови/ излези од градот, први на удар беа попатните депонии кон вештачкото езеро,при тоа,  според службите на ова јавно претпријатие, биле транспортирани околу 60 м3 отпад на депонијата Алинци. Па, се читеше, повтоно,  отпадот кај излезот од Прилеп,  кај Салида до Бензиска станица ЛУК ОИЛ, и оттаму комуналците рекоа дека изнеле „Рекордни 600 м3 секаков вид на отпад које е транспортиран од локацијата,  која што треба да биде сликата на градот при влезот од кај Паркот на Могилата“, па ,се чистеше депонијата кај Заполшки мост ( 100 м3), на обиколниот пат Жито Прилеп до Варош (120 м3) и околу Работничкиот универзитет (80 м3) , кај Песјобрдце на патот кон Мажучиште (80 м3) итн.. И, тоа само пред шест месеци ..  „Само лани се ичистија 5000 метри кубни отпад.„ вели дир.Рубин Абрашоски, а колку потрошило ЈКП „Комуналец„ од нашите пари за чистење депонии, очекуваме да ни потврди директорот на ова јавно комунално претпријатие

И,  сега повтоно на истото место нови депони,  нови трошоци на грбот на граѓаните за чистење на диви депониите, за кои се користи ,механизација, работна сила, превоз до депонија итн

. Ова смо потврдува дека не вродува плод апелтот за да не се создаваат депонии, по се изгледа потребни се други мерки и редовен надзор на службите,како и поголема соработка со граѓаните од кои се очекува да алармираат до Комуналец за новонастанати депонии.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: