ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Доделени 19 дипломи и вредносни ваучери на првенците на генерацијата прилепски основци и средношколци

969

Најдобрите ученици од завршните години во средните и основните прилепски училишта денеска добија дипломи и вредносни ваучери од по 6 и 4 илјади денари. Општина Прилеп со тоа им оддаде признание на учениците за нивниот труд во една учебна година специфична поради пандемијата и начинот на одвивање на наставата. При доделувањето на признанијата градоначалникот Илија Јованоски рече:

„Поради специфичните услови настанати заради пандемијата на ковид-19, изминатата школска година беше исклучително тешка за изведување и за следење на наставата. Тоа е причина повеќе на сите вам да ви оддадам признание на постигнатиот успех и резултати. Искрено се надевам дека вашиот пример ќе го следат следните генерации на ученици од вашите училишта и дека сите заедно во скорешна иднина, после заокружувањето на вашето образование на високообразовните институции во нашата земја или во странство, ќе го дадете својот придонес во напредокот на нашата општина, но и на државата,“ истакна градоначалникот Јованоски.

Првенци на генерација од средните општински училишта се учениците: Јована Стојческа, СОУ „Ѓорче Петров’’
Марко Илиоски, СОУ Гимназија „Мирче Ацев’’
Марија Цветаноска, СОУ „Кузман Јосифоски-Питу’’
Давор Степаноски, СОУ „Орде Чопела’’
Андреј Чадамов, СОУ „Ристе Ристески-Ричко’’
Валентин Димитриоски, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу’’


Првенци на генерација од основните општински училишта се учениците:
Иван Кузманоски, ООУ „Гоце Делчев“
Христијан Николоски, ООУ „Добре Јованоски“
Марија Бардакоска, ООУ „Климент Охридски“
Стефан Јанески, ООУ „Блаже Конески“
Анастасија Петреска, ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“
Ивана Стојкоска, ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“
Михаела Јанческа, ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани
Христијан Илиоски, ООУ „Рампо Левката“
Филип Темелкоски, ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“
Дамјан Спасески, ООУ „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари
Теодора Ристеска, ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци
Асли Мемишоска, ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци
Михаил Мирчески, ООУ „Кочо Рацин“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: