ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донатор на крвна плазма, невработен татко на 4 деца, бара помош за лекување

1.879
Недостатоците во системот за здравствено осигурување ги расветли и уште повеќе ги засили пандемијата. Повеќекратен дарител на крв и донатор на крвна плазма Перо Рујковски бара финансиска помош за негово лекување?! Како е можно човекот кој што спасувал животи изминативе 2 години, денес кога и самиот се бори за своето здравје и за опстанок на своето семејство да моли и апелира за помош?! Неговата животна приказна е едноставна, тој е хуман човек кој што позитивно одговарал на апелите кога била потребна крвна плазма за да се спаси нечиј живот од злото на корона вирусот. Во програмата „Радио што се гледа“  Рујковски рече дека се одзвал на сите апели за донација, вкупно 7 во време кога крвната плазма била од животна важност. Вели дека не му било важно од каде биле луѓето на кои им помогнал. Некои од нив му нуделе и пари за возврат, но на хуманиот човек важно му е единствено да се помогне, да се спаси живот.

 

 

Перо Рујковски е од гевгелиско Миравци, има проблеми со оштетувања на р’бетниот столб, како и хронични заболувања за кои се потребни лекарства. Според препораките на лекарите потребни му се пари за обавување на физикалната терапија, бидејќи потребно е да патува неколку пати во текот на неделата. Тој е татко на 4 малолетни деца, а неговата сопруга има исто така здравствени потреби бидејќи има трајни оштетувања на видот. Рујковски е невработен, и не е во можност со социјалната помош да ги подмири ниту основните потреби за лекарства и за прехрана на семејството и тешко врзува крај со крај па се замолува сите добронамерни луѓе и институции да донираат за помош.

„Апелирам до сите хумани луѓе, до компании, до институции за помош, бидејќи верувам во добрината, верувам во хуманоста, “ вели Рујковски, кој е убеден дека и во овие тешки времиња вистинските човечки вредности постојат во име на солидарноста.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: