ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донација на Пријателство

223

Креветчиња, душеци, постелнина и играчки,  денеска донираа Амасадата на Р. Словенија и компанијата КП Прво пензиско друштво во Детската градинка „Наша иднина“. Донацијата од 10 бебешки крветчиња, постелнина, 10 транспортни креветчиња, душеци и  играчки е наменета за градинката „Гоце Делчев“ каде во присуство на Амасадорот на Република Слвоенија, Н.Е Милан Предан, и директорот на компанијата КП Прво пензиско друштво, Весна Стојановска и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески им беа предадени на градинката .

Иницијативата ја покрена Советот на родители од градинката „Гоце Делчев“ кои неуморно работат за подобрување на условите за децата кои се згрижени во оваа јавна детска установа и нивниот ангажман вроди со плод.

При оваа прилика градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески  и Христина Трпческа,ВД директор на ЈОДГ „Наша иднина“ Прилеп се заблагодарија за донацијата и истакнаа дека токму новогодишните и божиќните празници се денови на дарување и стекнување на нови пријателства, притоа честитајќи  го Денот на независноста на словенечкиот народ.

Врачувањето на донацијата од Амбасадата на Република Словенија и компанијата КП Прво пензиско друштво, доаѓа во пресрет на  новогодишните празници и Денот на независност на Р.Словенија, 26 декември.

Децата како благодарност за овие подароци  возвратија со пригодна новогодишна програма и добија многу аплаузи од присутните гости и родители.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: