ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Жената – земјоделец без право на породилно отсуство

702

Од регистарот на семејни земјоделски стопанства, од 37.000 земјоделски стопанства каде носители се жени,  5.000 се во пелагонискиот регион. Жените, регистрирани земјоделки, плаќаат пензиско и здравствено осигурување, но немаат право на породилно отсуство,велат од ЛАГ АГРО ЛИДЕР -Кривогаштани

„Единствен категорија на група и голем предизвик за жените регистрирани земјоделки е тоа што како земојделски работнички немаат право на платено породилно отсуство и платено боледување. Тоа ги издвојува како посебно дискриминирани од другите жени – работнички. Само мал процент, не поголем од 1%, од 400 анкетирни жени во пелагонискот регион, успеале да го искористат тоа право ,п латено породилно боледување, иако плаќаат здравствено и пензиско осигурување. Што значи, за разлика од сите други категории работнички, тие немаат право на платено породилно отсуство, со што тројно го зголемува нивниот товар во репрудуктивната, социјалната и економската сфера – потенцира, Марина Тошеска од Локална акциона група Агро ЛИДЕР- Кривогаштани.

„Од друга страна, како сериозен проблем за жената земјоделец, голем дел од жените во руралните средини, вклучени во земјоделскиот сектор не се пријавени како индивидуални земјоделци. За нив, не се плаќа пензиско и здравствено осигурување, а работат како не платени семејни работнички, не платено ангажирани во земјоделскиот сектор во склоп на семјеството „ – вели Марина Тошеска  од  Локална акциона група Агро ЛИДЕР-Кривогаштани, кои бараат инсистуционално, оваа состојба на руралната жена да биде решена.

Најмногу погодени од пандмијата – намалку заштитени од Владата

Жената во руралната средина, жените регистрирани земјоделци, се, и беа најпогодените и од пандемијата, а институционално најмалку згрижени.  Земојделците, се онаа група, која  беше најмалку поддржана со владините економски мерки.

И, тука жените земјоделки за време на пандемија дополнително ги зголемија и своите обврски околу грижата за домот, грижата за децата кои учат од дома и не посетуваат градинки , поголема ангажираност околу земјоделските активности, не достапност до финасии, бидјеќи затворија локалните пазари, се намалија приходите во семејството, не достигот на информации за заштита од пандемијата и начинот на примена на заштита,посочуваат од ЛАГ АГРО ЛИДЕР-Кривогаштани.

Релано во руралните средини, кај луѓето кои се анажирани во змејоделскиот сектор, најблизок медиум се уште им е радиото, и комшијата. Затоа беше потребна поголема информираност преку овој медиум, но и поголма мобилност на тимовите да ги информираат земјоделците, особено поголема теренска застапеност за мерките и програмите кои што требаа да допрат до земјоделците за добијат поддршка земјоделските работници.  Земојделците, се онаа група , која  беше најмалку поддржана со владините мерки . Добар беше можеби ваучерот за користење летување, но знаеме, земјоделците,  во лето се најангажирани и ваучарот речиси и не им беше потребен. Сметам дека требаше да се насочиме на поинаква поддршка за нив, и финансиска, и менторска за да може да го зачуваат своето здравје, производство и да обезбедат пласман,  посочи Марина Тошеска Локална акциона група Агро ЛИДЕРКривогаштани

Инаку, од регистарот на семејни земјоделски стопанства каде се запишани  171. 000 , во 37.000 земјоделски стопанства, носители се жени. Односно , како активни земјоделки стопанство, (заклучно со 2020 г.) од 66.ооо активни земјоделски стопанства кои аплицираат за субвенции , 9.000 се жени земјоделки.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: