ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЖФК ДЕСПИНА е на пат да го донесе првиот пехар на државен првак.

648

Се на прво место во елитната женска фудбалска лига и со 8 одиграни
натпревари, до половина од првенството, фудбалерките на Прилеп
постигнатуваат, во просек по 7 голови на натпревар. Тие се најефекасната екипа и се светлата точка во прилепскиот спорт,односно најблиску прилепска екипа да излезе во Европа. Женскиот фудбалски клуб ДЕСПИНА е на пат во Прилеп да го донесе првиот пехар на државен првак.
И, дека за нив првенствените натпревари се тренинг, покажуваат и головите постигнати на натпревар. Видкендов на домашен терен натпреаватот на ЖФК Деспина Прилеп – ЖФК Љуботен Тетово завршува со 12:0 (9:0). Убедлива победа против тетовската екипа која беше немоќна на натпревар, а победникот беше решен по првите 45 минути.

Ангела Стојкоска имаше голгетерско шоу на овој меч со постигнати 5 голови, а нејзините сооиграчи само го надополнија оваа убава спортска фудбалска слика: Анастасиа Илиевска 2 ,Кате Милеска2, Јана Чубриноска1 , Сара Евтинџиоска 1 , Драгана Костова 1
Супериорноста на ЖФК Деспина во оваа натпреварувачка сезона несомнено ги води кон Лигата на шампиони, а девојките имаат амбиции да го освојат и Купот на Македонија во женски фудбал.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: